Радовишанец излета од пат, повредени се четири лица

Неколку лица се повредени во сообраќјна несреќа во редовишко. 

Како што соопшти полицијата, вчера во 13.10 часот било пријавено дека на локалниот пат од с.Тополница кон Радовиш, кај место викано „Баглар Баши“ патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(27) од с.Тополница-радовишко, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.И.(45) од с.Тополница, а со телесни повреди се здобиле Б.И. и сопатниците Р.И.(46) и Д.И.(24), констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.