Дрога пронајдена во радовишко, уапсени три млади лица

На шести април во 22.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода 29-годишниот Н.С. од село Воиславци, радовишко и 22-годишниот Ј.А. и 21-годишниот Ѓ.О. од Радовиш, извести МВР.

При претрес во домот во Радовиш во кој престојувале лицата, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.