Уапсен дилер во Радовиш

Вчера во 20.15 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.К.(47) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.