Во два наврати на Градскиот пазар во Велес одземени 1400 парчиња пиротехнички средства

Како што соопшти полицијата во текот на вчерашниот ден во два наврати биле одземени околу 1400 парчиња пиротехники средства. Имено полициски полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го уапсиле И.Ќ.(69) од Велес откако кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Истиот ден на повторно при преглед на тезга на Градскиот пазар, полициски службеници го уапсиле Ц.З.(62) од Велес и кај него пронашле и одзеле 300 парчиња пиротехнички средства.

Според МВР двајцата се приведени, извршени се разговори во Полициската станица во Велес и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.