Пржо: Потенцијална еколошка катастрофа се три точки во Скопје

Познатиот еколог, професор по биологија и активист Кирил Пржо со неколку податоци за Скопје, главниот град кој во 2028 година ќе биде престолнина на културата

Тој овие аргументи ги сподели на својот фејсбук профил со цел да алармира на проблемите!

Еве ги фактите на Пржо: 

- Според City quality of life index; индекс што мери целокупен квалитет на урбан живот Скопје се рангира 100-ти од 195 града

- Според Pollution Index; индекс на загаденост, Скопје е 83/195 града

- Според Climate Index; колку климатските промени влијаат врз градот, Скопје е 76/195 града

*Сите градови под Скопје се градови од субсахарска Африка, централна Азија, Јужна Америка и градови во оскудни климатски региони.

- Според Environmental Quality Index; Скопје се наоаѓа на 243/266 града.

- Во Скопје се наоаѓаат 3 еколошки „жешки точки“ со опасност за еколошка катастрофа на национално ниво: Макстил, Годел и Охис.

- Целиот град е покриен со Urban Heat Island - места со екстремна температура на површината за време на топлите денови.

- Според Градскиот план за зелена акција на Скопје, загадувањето на воздухот и климатска отпорност се во категорија на Високи опасности.