Прости ни Вања...наставниците не умеат да ја решат оваа задача

Емотивна објава на фејсбук страницата на Основното општинско училиште „Песталоци“ од скопски Центар! 

Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.

Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме...

Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.

Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!