Професор нападнал ученичка во скопско средно училиште

Професор вчера нападнал ученичка во средно училиште на подрачје на Бит Пазар.

-На 15.03.2023 во 18.00 часот Ф.С.(49) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот во средно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ф.Ќ., професор во училиштето, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.