Ученик од скопско училиште пријавил дека професор го допирал по телото

Млад скопјанец во полиција пријавил сексуално вознемирување. Како што соопшти МВР, во вторникот во 13,30 часот во СВР Скопје, В.Т. (19) Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во училница во училиште во Скопје бил допиран по телото од професор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.