Голема акција: Уапсен професорот Шуклев, се трага по уште тројца професори

Голема акција на МВР против корупцијата во високото обрзование. Приведен е во полиција Бобек Шуклев, професор на Економскиот факултете, а во моментов се трага по уште неколкумина професори.

Полицијата ги сомничи за примање, давање поткуп, противправно псоредување, злоупотреба на склужбена положба и овластувања, и други коруптивни дела. При претресот неофицијално Пресс 24 дознава дека се најдени пари. МВР неколку години наназад работело на документирање на случајот бидејќи подолг период се говори и меѓу студентите и меѓу јавноста за незаконското работење на дел од кадарот на Економски факултет.

Според првичните сознанија од истрагата лицата имале разработен систем . Се проверува и инволвиураноста и на лица кои работеле во угостителските објекти на факултетот.