Продолжуваат протестите на исклучените од централното греење против БЕГ

Граѓаните не можат да се помират со Правилникот за снабдување со топлинска енергија донесен во 2012 година, според кој  надоместок за топлинска енергија плаќаат и оние што го исклучиле парното и истовремено не склучиле договор за снабдување.

Исклучените граѓани од системот за централно грење, кои се уште плаќаат сметки деновиве најавуваат нови протести пред Триумфалната порта, за да ја потсетат новата влада на ветувањето дека ќе го сопре испорачувањето на фактури од страна на БЕГ.

Тие притоа најавуваат дека ќе започнат подготовки за масовно поднесување на кривични пријави по очекуваната смена на јавниот обвинител Марко Зврлевски и неговите соработници.

Граѓаните, кои изминатиов период својот револт исто така го искажуваат на протести пред Регулаторна, не можат да се помират со Правилникот за снабдување со топлинска енергија донесен во 2012 година, според кој  надоместок за топлинска енергија плаќаат и оние што го исклучиле парното и истовремено не склучиле договор за снабдување.