Приведени 18 лица по инцидентот на дербито меѓу Вардар и Пелистер

Наместо ракометен спектакл, се случи хаос на средината на првото полувреме на ракометното дерби меѓу Вардар и Пелистер (31-24), при што полициските службеници привеле 18 лица.

-На 26.03.2023 полициски службеници приведоа 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар-Еурофарм Пелистер во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари.

Во врска со овој настан, денеска во полициска станица  дополнително ќе бидат повикани уште 6 идентификувани лица кои го прекршиле законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Исто така, ќе биде повикано и одговорно лице од агенцијата која со своите редари била задолжена за редот во салата, а немала доволен број на редари, информираат од МВР.