Приведен крадец во скопско, баран по распишана централна потерница

Денеска во 09.10 часот на улицата „Ѓорѓи Пенков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот С.Л. од Скопје.

– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на двегодишна казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.