Начекала крадец во својот дом, ја турнал и избегал

61-годишна жена враќајќи се во својот дом начекала крадец кој насилно влегол. Не успеал ништо да земе, ја турнал и избегал од местото на настанот.

„На 20.03.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје, В.М.(61) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот во својот дом на подрачјето на општина Аеродром затекнала едно лице, кое претходно насилно влегло и без да одземе ништо ја турнал и го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.