Го наполнил возилото до врв со дрва - го фатила полиција

Вчера во 23.00 часот во атарот за с.Ласкарци, бил приведен Б.А.(19) од С. Ласкарци од страна на полицски службеници. Тој бил фатен како со патничко возило „форд ескорт“ со скопски регистарски ознаки превезува огревно дрво без документација.

Од МВР велат дека возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено во Полициското одделение Сарај. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.