Приведен бегалец од затвор „Шутка“

Полициски службеници денеска во Битола го привеле А.А.(42) од Кичево.

Тој бил осуден на казна затвор од три години, а бил баран по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје заради бегство од затворот.

Лицето е спроведено во установата за доиздржување на казната, соопшти МВР.