При рутинска работа во својот двор пронашле гранати од Првата Светска војна

Вчера во 13.05 во Полициско одделение Кривогаштани, В.Ѓ.(49) од с.Обршани, прилепско, пријавила дека при вршење на земјоделски работи во дворното место, нејзиниот сопруг пронашол две минофрлачки гранати.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал гранатите и констатирал дека се работи за гранати со калибар од 62мм од Првата Светска војна.