Пронајдени 80 гранати од Првата светска војна

При работа на нива во с. Рибарци, битолско пронајдени се 80 стари гранати кои потекнуваат од Првата светска војна.

„На 06.04.2024 во 11.00 часот во Полициското одделение Новаци, Ж.А. пријавил дека при работа во неговата нива во с.Рибарци, битолско, пронашoл 80 стари гранати. За настанот бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој утврдил дека се работи за минофрлачки гранати од Првата светска војна со калибар 60мм и кој безбедно ги подигнал. Увид бил извршен, информираат од МВР“.