При ископ на земја во двор најдени две артилериски гранати

Пронајдени се две гранати при ископ на земја во двор во Гостивар. Експлозивните направи безбедно се подигнати и пренесени.

Од СВР  Тетово информираат дека претпладнево во 10:30 часот, К.И.(42) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека при вршење ископ во двор на улица „Илинденска“ во Гостивар биле пронајдени две артилериски гранати калибар 100 милиметри. Од првичниот увид се претпоставува дека експлозивните средства најверојатно потекнувале од Втората светска војна.

Извршен е увид, гранатите се фотодокументирани и подигнати за транспортирање од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.