Повторно над 100 санкции за еден ден само во Скопје за неодговорно возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за користење мобилен телефон при возење...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР.