Повторно физички напад врз малолетник во автобус на ЈСП

17-годишен малолетник од скопско Арачиново, пријавил дека во автобус на ЈСП во населба Сингелиќ, бил физички нападнат од друг малолетник.

Имено, случајот го пријавил вчера во 23 часот, а истакнал дека околу 20.20 часот се случил нападот, информираат од МВР. Другиот малолетник се обидел да го нападне и со остар предмет. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.