Додека Бог ја создавал жената, еден ангел му пришол и го прашал: „Долго време ја создавате жената. Зошто трошите толку време на неа?“
Бог одговорил: „Затоа што сакам да биде посебна. Дали виде што ѝ дадов? Колку можности...“
И Бог започнал да го набројува сето она што жената ќе може да прави, што ќе може да знае, чувствува... Ангелот се зачудил од сите овие квалитети и прашал: „Сето ова со само две раце? Невозможно! Тоа е многу работа за еден ден. Одморете се, а потоа завршете го утре.“
Господ одговорил: „Не го сакам тоа! Толку сум блиску да го завршам ова битие кое ми е многу драго на моето срце.“
Ангелот се приближил, ја допрел жената и рекол: „Боже, како ја направи толку мека?!“
- „Да, мека е, но, јас исто така направив да има сила! Нема да веруваш што сè ќе може да поднесе!“
Ангелот прашал: „Дали може да размислува?“
Бог одговорил: „Не само што може да размислува, може и да соработува и да се договара.“
Нешто го привлекло вниманието на ангелот и го допрел лицето на жената. Потоа рекол: „Што е ова? Некоја грешка?“
Бог одговорил: „Не, тоа е солза.“
„Зошто?“
„Солза е нејзиниот начин на изразување тага, љубов, осаменост, болка, гордост, но и среќа...“
Ангелот се зачудил: „Вие сте генијалец. Мислевте на сè. Жената е одлично суштество!“
„Вистина! Има неверојатна моќ. Таа трпи тешкотии, носи тага, но знае и за среќа и љубов и има свое мислење. Се смее и пее кога плаче, плаче кога е среќна, се насмевнува кога е нервозна, се бори за она што го сака и за она во што верува, упорна е, истрајна, се бори против неправда, не признава „не“ како одговор доколку постои подобар начин или подобро решение, таа го дава својот максимум, сака бескрајно, е сочувствителна, знае дека еден бакнеж или прегратка може да излечи скршено срце, утеха, помош…“
Потоа воздивнал и рекол: „Сепак има една маана.“
Ангелот прашално го погледна.
„Таа заборава колку вреди.“