Поради непотпишувањето на договорот за контрола на воздушниот простор Грција нема да го чува македонското небо

Поради обвивањето на Грција да го ратификува договорот за контрола на воздушниот простор наскоро контролата на македонското небо може да биде превземено од друга држава. Ова го кажа поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Тој вели дека дека има најави од Италија дека ќе ја превземе оваа обврска или Турција што за нив е многу непосакувано сценарио.

“ Жал ми е многу што Владата на Нова демократија продолжува да го третира случајот со Преспа како внатрепартиски проблем. Односно, постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Cеверна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто? Кој ќе биде против? И сега воздушниот простор преку НАТО го преземаат Италијанците, а за кратко ќе видиме што ќе прави и Турција. И се прашувам, кој е придобивката? Која е целта?“, рече Коѕијас пред неколку денови.

Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО кои како Македонија немаат воздухопловни сили.