Поради дефект овој дел од Скопје без вода

Поради дефект на цевка ф 250мм на ул.„Лазар Трповски“ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, односно од Пензионерскиот дом Чаир и СУГС „Цветан Димов“.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 до завршување на интервенцијата.