Поради дефект неколку улици во Гази Баба ќе имаат прекинато водоснабдување

ЈП “Водовод и канализација“ известува дека поради уличен дефект ф-80 мм на ул. Тодор Ецов 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици : Тодор Ецов ,Томац Минцер, Тодор Чопов и дел од Сава Михајлов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:35 часот до завршување со санација на дефектот.