Поради дефект без вода ќе бидат делови од Кисела Вода и Карпош

ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, информира дека, денеска, поради дефектна водоводна шахта на ул.1 бб с.Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Батинци од 08:00 часот до завршување. (Општина Кисела Вода)

- поради уличен водоводен дефект од ф100мм на ул.Вич раскрсница со ул.Разловечко Востание, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Вич, ул.Соле Стојчев , ул.Жељево ул.Трифун Бузев и дел од корисниците од ул.Разловечко Востание од 08:00 часот до завршување. (Општина Карпош)