Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

- во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците број 2, 4, 6, 10, 12, 16, 18, 32, 34, 46, 54, 62, 64 и 84 во село Ново Село. ( општина Ѓорче Петров )

- во периодот од 11.30 до 13.00 часот, корисниците од ул. Никола Тесла бр.16 и бр.18, како и корисниците од ул. Орце Николов бр.174. ( општина Карпош )

- во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од село Маркова Сушица лоцирани на почетокот на селото кај ресторанот. ( општина Студеничани )