Поради дефект без вода дел од населбата Ченто

Поради дефект на водоводната мрежа, од 11 часот без вода е дел од скопската населба Ченто.

Вода немаат корисниците на улиците „Методија Андонов Ченто“, „Алија Авдовиќ“, „Радован Ковачевиќ“, „Анри Барбис“ и „Томас Минцер“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирањето на дефектот, информира ЈП одовод и канализација - Скопје.