Спроти Велигден 1979 – Анте Поповски
Photo by Annie Spratt on Unsplash
Луѓето се враќаа од црква со запалени свеќи,
Ги засолнуваа впазуви ги бранеа од пролетниот
ветар,
Итаа кон своите домови
неизгаснат за да го внесат огнот на второто раѓање.
Христос воскресе, им рече старецот на домашните
А потоа долго гледаше во свеќата што догоруваше
на трпезата
И помисли: меѓу илјадниците свеќи што горат во животот
Има само една вистинска – онаа уште незапалената,
– Врз правот ни.