Почина Ристе - негувателот на жирафите од скопската Зоолошка

Почина Ристе Трајковски, чуварот во скопската Золошка Градина, кој беше многу познат по тоа што премногу се грижеше за жирафите.

Кога почина жирафата Тобого, тој речиси секој ден објавуваше постови со тага.

Пријателите се простуваат од прерано починатиот Ристе, кој имаше само 44 години, со емотивни зборови. 

- Рики друже, чувај ги горе Каспер и Тобого. Ќе фалиш, напиша Тина Мицковска.