Перински во работна посета на изворот Рашче

Денеска директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, беше во работна посета на изворот Рашче и хлоринаторната станица во село Кондово, каде одблизу се запозна со функционалноста на каптажите Рашче 1 и Рашче 2, како и нивното поврзување со главниот цевковод, преку кој граѓаните на град Скопје се снабдуваат со чиста и квалитетна вода.

-ЈП Водовод и канализација – Скопје веќе 115 години го снабдува градот Скопје со вода за пиење, а од 1963 година со изградбата на каптажата Рашче 1 и 1964 со изградбата на првиот главен цевковод со профил 1600 мм, започнува со водоснабдување директно од подземниот извор Рашче, чиј капацитет е од 2 до 5 метри кубни вода во секунда, а чиј квалитет е високо оценет и под постојана контрола и мониторинг. За задоволување на потребите на градот, во 1969 се гради и вториот цевковод Рашче 2, за во 1992 да се пуштат во употреба и бунарите од бунарското подрачје Лепенец, како надополнување на бунарите од бунарското подрачје Нерези, изградени во 1964 година, потсетиија од претпријатието.