Денес на седницата на Советот на Град Скопје, помина финансискиот извештај за работењето на ЈП Водовод и канализација – Скопје за првиот тримесечен период оваа година.
-Во првото тримесечје бележиме раст на приходите, намалување на трошоците и зголемени инвестиции за над 30 проценти. Податоците говорат дека е остварена нето добивка од 81.924.851 денари или вкупно е остварен финансиски резултат којшто е подобрен за 196.333.653 денари во споредба со истиот период минатата година. Приходите се зголемени за 6% во вкупна вредност од 402.338.259 денари, додека расходите се намалени за 35% во вкупна вредност од 313.434.772 денари, рече директорот на ЈП Водовод и канализација-Скопје, Златко Перински.
Зголемена е наплатата за вкупно 14% или одделено по категории:
-за домаќинство 1%
-за стопанство 40%
-Зголемени се инвестициите во мрежите во сопствено производство за 35% во исклучително тешка година. Благодарам на целиот тим и на сите вработени во ЈП Водовод и канализација – Скопје, продолжуваме понатаму успешно и ангажирано за сите скопјани, рече Перински.