Панчо и Андреј од познатото музичко дуо ДНК несомнено се едни од најхуманите јавни личности во земјава.
Тоа се повтврди уште еднаш. Имено тие, за Бадник и Божиќ - едни од најубавите христијански празници, пред да ја кршат погачата со паричката отидоа до кај, како што велат, нивниот нов херој и другар, Дарко Ваневски од село Сиричино, тетовско, кој за жал боледува од хантинктонова болет.
Дарко имаше можност да се дружи со познатите музичари и од нив доби пакетче, храна, малку финансиски средства (со оглед на можностите) и едно големо чоколадо кое го побара тој од нив.
- Насмеан не дочека, но и насмеан не испрати, со порака до сите вас дека не се предава и дека сите заедно може да му помогнеме, велат од ДНК и упатија апел.
- Ги замолуваме сите институции и наши пријатели доктори да се позанимаваат со неговиот случај и да ја одредат финансиската конструкција за неговото понатамошно лекување за кои убедени сме дека сите сложно ќе собираме средства да направиме Дарко повторно да може да се движи, разговара и да го живее животот како и секој негов врсник.
Лице задолжено за контакт, прашања и донации е Габи на следниов телефонски број: 078 22 30 95.