Панчо ѝ порача на Елена: Сте требале да бојкотирате да пеете изменета песна, поготово за сумата

Владимир Блажев, или попознат како Панчо од ДНК, вчера го честиташе големиот празник Илинден, но даде и своја забелешка за скандалот со песната од песната „Во борба“, поточно делот кој не се слушнаа во Крушево на годинешното одбележување на Илинден.

-Честит Илинден МАКЕДОНИЈО, честит празник МАКЕДОНИЈО, честит празник МАКЕДОНЦИ, освен на оние што се безкичмењаци и без тронка достоинство. Химната и песните напишани од МАКАТА на народот никогаш нема да ги смените, а вие ќе останете цел живот ПРЕДАВНИЦИ кои многу ваши поколенија ќе се срамат од вас. Да живее МАКЕДОНИЈА, порача Панчо во својата објава на фејсбук. 

Пејачката Елена Петреска му одговори дека строфата не е исфрлена и оти станувало збор само за провокации.

-Не е исфрлена, зошто паѓате на провокации. Аранжманот кој го пеевме е стар сигурно повеќе од една деценија, не е специјално направен за оваа пригода, а и не може никој да не натера со сила да пееме или менуваме нешто заради нечии интереси, тоа го тврдам! Се плуќа по нашата работа, а таму пеевме за дневница од 700 денари при што цел ден се печевме на сонце... Не е фер да се измислуваат приказн на нечиј труд, напиша Петреска.

На ова, Панчо и реплицираше: 

-Во вакво време на невреме и безброј понижувања кои доаѓаат од сите страни кон нашата држава, а највеќе од сопствените безкичмењачи и предавници можеби и сте требале да бојкотирате, поготово за сумата која сте ја добиле која воедно ве деградира како уметници. 

Прескокнувањето на овој дел од песната од страна на хорот на МОБ, наиде на бројни осуди и предизвика бурни реакции во јавноста.

За прескокната трета строфа од МОБ преку соопштение порачаа дека партитурите кои со години ги поседуваат досега не се променети во ниту една изведба, како ни на последната пред „Македониумот“ за Илинден.

-Од страна на Национална опера и балет не се извршени интервенции врз нотните кои се чуваат во нашата музичка архива повеќе од 20 години на ист начин како на денот 01.08.2022 год., години наназад на сите каде настапувал Хорот, велат од Опера и балет.