Полициски службеници денеска во 11.15 часот во село Раклиш, радовишко го уапсиле 27-годишниот Р.Т. од Радовиш.
Полицијата при претрес во неговиот дом пронашла и одземала марихуана и дигитална вага.
-По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.