Овој дел од Скопје денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект Ф80мм на улица Индира Ганди бб. кај Џиди Комерц, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улица Индира Ганди, Гвадалахара, Гарибалди и Нов Живот.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на дефектот.