Известување од скопски „Водовод“: Прекини ќе има и во овие делови од градот

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради поврзување на мрежа од Ф-100 мм на ул.12- та Македонска Бригада 40 во населба Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Лисиче (бараки) и Горно Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:00 часот до санирање на дефектот. 

Исто така, денеска поради промена на шибер вентил ф-80 мм на ул. Венијамин Мачуковски 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, додека притисокот на водата на ул. Петар Ацев и Пандил Шишков ќе биде намален. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:45 часот до завршување со санација на дефектот.