Делови од околината на Скопје денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги информира граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:

во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од с. Орешани, од пругата кон село Таор (општина Зелениково) и

во периодот од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат Побожје (општина Чучер Сандево).