Оштетно полициско возило во Гази Баба, било погодено од тврд предмет

Полицијата вчера уапси млад скопјанец од чиј автомобил бил фрлен тврд предмет кон полициско возило . 

- На 25.03.2024 околу 20.20 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.А.(28) од Скопје затоа што претходно од неговото возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил фрлен тврд предмет и било оштетено службено полициско возило, извести полицијата во дневниот билтен. 

Се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.