Организацијата „Свети Спас“ неуморно собира помош за настраданите во Турција и Сирија

Од хуманитарната организација „Свети Спас“ од Скопје информираат дека веќе група волонтери меѓу кои и тренирани кучиња заминале да помагаат во Турција. 

-Доколку некој има спремност и желба да биде Волонтер во Турција ( доктори, медицински лица, лица за во спасувачките центри, лица кои ќе одат на рушевините...) нека не контактира за да го организираме бесплатниот транспорт, да обезбедиме спиење и храна, како и цела потребна документација за најава во Турска Амбасада и Афад да Ве прифатат и спроведат безбедно до критичните места! - се вели во повикот од организацијата. 

Истовремено, деновиве се собираат донации во храна, лекови, хигиенски средства, облека и кебиња. 

-Вашите донации можете да ги доставите во црквата Свети Спас во Драчево или да не контактирате на телефонскиот број 078/383-743, информираат од хуманитарната организација.