Опожарено возило во Струга, сопственикот сам го изгаснал пожарот

Денес во Струга од непознати причини било опожарено патничко возило кое било изгаснато од страна на сопственикот. Случајот бил пријавен во полиција.

„На 02.04.2024 во 02.31 часот во СВР Охрид било пријавено дека во 02.25 часот на ул.„Елпида Караманди“ во Струга било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Ш.(43) од с.Делогожда, струшко. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на ОВР Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот“