Стружанец пријавен во полиција, ја претепал сопругата

Вчера во 16.40 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода 49-годишниот Б.Ш. од струшко село затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга, извести СВР Охрид.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.