Кривична пријава против две лица од Струга, дивееле во угостителски објект, нападнале вработен и агресивно се однесувале кон полицијата

Од страна на ОВР Струга е поднесена кривична пријава против две лица кои најпрво се расправале во угостителски објект во Струга, за потоа да излезат надвор од објектот и да почнат да ги кршат автомобилите. После тоа нападнале вработен каде му нанеле тешки телесни повреди за на крај кога пристигнале полицајците агресивно се однесувале кон нив.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(38) и С.К.(36), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „спречување на службено лице при вршење службени дејствија“. На 13.04.2024 во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, тие предизвикале расправија со присутните гости, а потоа пред објектот оштетиле неколку автомобили и физички го нападнале вработениот А.Н.(38) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Двајцата агресивно се однесувале и кон полициските службеници кои пристигнале на местото и преземале службени дејствија“.