Од септември кампања за подигање на свеста кај бремените жени

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, најави кампања за подигање на свеста ка бремените жени за консултации со психолог и психијатар. Министерот рече дека токму немилите настани како оној со родилката која скокна од прозорец на Гинеколошко-акушеркста клиника понекогаш може да поттикне преземање мерки.

- Тоа што јас го презедов како министер е дека некаде од септември – октомври ќе почнеме една кампања за подигнување на свеста и кај и кај бремените жени, ни и за редовни консултации со психолог, психијатар. Знаете, некогаш ќе се случи некој несакан, немил настан за да не поттикне да почнеме да преземаме поостри мерки за некоја работа, во некој правец. Така ќе постапиме во иднина, рече министерот Меџити.

На извештајот за случајот со родилката од стручната комисија која тој ја формираше се уште се чека, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе утврди дека ГАК направиле пропуст со тоа што не и обезбедиле психијатар.

39-годишна родилка, неколку дена откако роди здраво бебе, на почетокот на минатиот месец скокна од прозорец на ГАК, беше во критична состојба и по дванаесет дена почина.