Министерот за здравство ја поддржа акцијата на МВР и ОЈО на Онкологија

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити изрази силна поддршка за акцијата на Обвинителството и полицијата на Клиниката за Онкологија.

- Како министер силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. Очекувам институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата, кажа Меџити.