Меџити: Детската болница Козле прерасна во Клиника за респираторни заболувања кај децата, ова е голем чекор напред!

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Детската болница Козле којашто прерасна во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата по донесената одлука од Владата на Македонија.

- “Ова е голем чекор напред за установата и признание за посветената работа и заложбите на раководството и на целиот медицински и немедицински персонал, кој применува стручен и мултидисциплинарен пристап од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза“ рече Меџити

Тој притоа посочи дека Универзитетската клиника Козле која како установа постои веќе 72 години, претставува единствен центар на Балканот кој третира исклучиво респираторни заболувања, односно заболувања на дишните патишта кај децата. На годишно ниво овде се вршат над 35 илјади амбулантски прегледи и над 4 илјади хоспитализации на деца со респираторни заболувања, а стручниот кадар опфаќа 55 доктори специјалисти и супспецијалисти од над 200 здравствени работници.