Нова продажба на одземен имот на Сашо Мијалков, над 2 милиони евра ќе се уплатат во државниот буџет

Агенцијата за управување со одземен имот информира дека продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК – Сашо Мијалков.

Како што информираат, станува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3880,15м2 и шума со површина од 634,38м2, кои што се наоѓаат на место викано Г. Курило на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.

„Со денешната објава за продажба на недвижен имот од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, а со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Станува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3880,15м2 и шума со површина од 634,38м2, кои што се наоѓаат на место викано Г.Курило на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.

Со продажбата на овие недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 126.638.882,00 денари или 2.059.000 евра“, се истакнува во соопштението.

Од Агенцијата за управување со одземен имот со оваа објава како што напоменуваат ги повикуваат и охрабруваат сите заинтересирани правни и физички лица без страв и притисок да земат учество на јавната лицитација на Веб страната.