Мијалков се спаси од „Титаник 2“

Апелацискиот суд Скопје денеска соопшти дека обвинението за „Титаник“ поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков го одбива.

На останатите обвинети, поранешни членови на Изборната комисија, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајкоски затворските казни им ги преиначи во условни.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник 2“, по одржана јавна седница на ден 15.09.2023 година, а по извршено советување и гласање на ден 29.09.2023 година, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите М.Т. од Т., Б.И. од Т., В.С. од К., С.С. од С.и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција. Истовремено, под став II од изреката, по повод жалбите на обвинетиот С.М. од С.,а по службена должност, пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот спрема обвинетиот С.М. од С., носејќи одлука со која се одбива обвинението, согласно член 402 точка 6 од ЗКП. Вака донесената одлука е објавена во целост на веб страната на судот, a согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, се вели во соопштението од Апелацискиот суд.