Сашо Мијалков порано ќе си оди дома, скратени му се четири месеци од 3-годишната затворска казна

Поранешниот шеф на УБК порано од предвиденото ќе си оди дома. Имено кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на Сашо Мијалков, осудени во предметот „Империја“, му скрати 4 месеци од 3-годишната затворска казна и треба да излезе во декември годинава, бидејќи исполнува услов.

„Кривичниот совет по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа. Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“, вели Кривичниот суд.

Откако беше осуден Мијалков во предметот „Империја“ за перење пари тој го искористил своето законско право по истекот на две третини од казната да побара условен отпуст кој му е дозволен од страна на судовите.