На местото на поранешниот клуб „Епи Центар“ во градскиот парк, но со проширен и зголемен капацитет, наскоро ќе биде отворен клубот „Pure“.
Слоганот на локалот е „Скопје живее пак“ a идејата е тој да ги врати убавите журки од старите времиња кои ќе траат до раните утрински часови.
Позади локалот стојат познати имиња од скопскиот ноќен живот, а за програмата и гостите ќе бидат задолжени менаџерските тимови на Мош и Интермецо.
Неофицијално, клубот ќе започне со работа во втората половина на јуни.