Нема напредок во историската комисија помеѓу Македонија и Бугарија

Драги Ѓоргиев, копретседателот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија рече дека има редовни состаноци помеѓу двете комисии и засега нема никаков напредок

Тој посочи дека годинава Комисијата одржала состанок во февруари, а следниот е во април. Прашан, кога се очекува напредок по толку поминати состаноци и дали ќе имаат некое решение, кое ќе го објават на јавност, Ѓоргиев изјави дека Комисијата ќе работи се додека има простор за разговор.

“Треба да се водат разговори, дијалогот треба да продолжи, а за резултатите кога ќе бидат тоа е неизвесно“, рече Ѓоргиев и посочи дека Комисијата дискутира за македонските учебинци за седмо одделение и за бугарските учебници за шестто одделение.

“Нема усвоено никакви препораки за учебниците за седмо одделение и во тек е дискусија за нив веќе подолго време. Така да нема никакви препораки, кои се дадени до владите на двете земји за учебниците по седмо одделение. Се дискутира за учебниците за македонскиот образовен систем и шестто одделение за бугарскиот образовен систем, веќе ги завршивме тие. Тоа е среден век“, изјави Ѓоргиев

Прашан дали ќе има промени на членовите на македонско-бугарската историска комисија, Ѓоргиев истакна дека тоа не зависи од членовите, туку тоа какошто рече зависи од политичката гарнитура.